2013-04-03
СТАРИТЕ ЛИЦА УЧЕА КАКО ДА ОДГОВОРАТ ПРИ КАТАСТРОФИ
Во дневниот центар за стари лица, во Даре Џамбаз, на 19ти март се одржа предавање на тема: Одговор при катастрофи.
Предавањето го одржа Али Самет, од ЦКРМ, а корисниците имаа можност да добијат практична и корисна едукација, што треба да знаат при катастрофи и како да се снајдат во тие тешки и критични, кризни ситуации, како да се заштитат себе си, најблиските и луѓето во нивната околина.
Лицата во трета доба се добри преносители на информации, стекнатото знаење сигурно ќе го раскажат на лицата во нивната непосредна близина, во нивното маало помеѓу пријателите низ пензионерска дружба.
За корисниците на Девниот цнетар во текот на месец април ќе се подготовува, а во месец мај реализира симулација на евакуација при случај на катастрофа.