2014-01-09
СТАРИТЕ ЛИЦА НА БЕСПЛАТНИ СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ
Крајот на 2013 и почетокот на 2014 година во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвен крст на град Скопје ја одбележа одличната соработка со стоматолошката ординација Импакта Дентал
На вкупно 20 корисници од проектот им беа направени превентивни стоматолошки прегледи и мали интервенции. На соработката со ПЗУ Импакта Дентал и претходеа неколку предавања и практични совети за забоздравствена заштита кај лицата во трето доба. Целта на ваквите предавања и прегледи е да се зголеми свеста кај возрасните лица за важноста на забоздравствената заштита за нивното целокупно здравје. Оваа соработка ќе продолжи во наредните месеци со превентивни предавања и прегледи.