Пребарувај по датум:
2023-01-17

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ ОД НЛБ БАНКА ЗА 700 СТАРИ ЛИЦА ОД РУРАЛНИ ПОДАРАЧЈА

Во изминатиот период од три недели Црвен крст на град Скопје во соработка со општинските организации на Карпош, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба, Велес, Куманово и Крива Паланка, а со донација од страна на НЛБ Банка реализираше дистрибуција на 700 пакети храна за 700 стари лица од рурални подрачја.

Популацијата во светот и кај нас се повеќе старее и наша обврска е потребната поддршка за овие лица особено оние кои живеат во инфраструктурно тешко достапни подрачја да ја обезбедиме и да овозможиме човеково достоинство за секое старо лице.

НЛБ Банка е вистински пример за општествена одговорност и грантор на навремен успех во име на хуманоста.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.