Спроведување на скрининг за детекција на рани знаци на деменција
Црвениот крст на град Скопје во периодот од ноември 2019 до јуни 2020 спроведуваше скрининг за детектирање на симптоми на деменција, наменет за лица над 60 години. Целта на спроведувањето на скринингот беше превентивно да се дејствува во насока на рано препознавање на знаците кои можат да укажуваат на деменција. Вкупно 96 лица поминаа низ процесот на скрининг за рана детекција на деменција, а 43 лица покажаа знаци кои можат да укажуваат на деменција. Тимот на психолози на Црвениот крст на град Скопје во соработка со Светлана Илоски, клинички психолог, даваше насоки за понатамошно упатување и дијагностика на оние лица кај кои беа детектирани знаци. Превентивните активности за деменција се одвиваа во рамките на проектот „Домашна нега и детекција на рани симптоми на деменција“ поддржан од Шпаркасе банка.