Спој на традиции и обичаи
Преку спој на традиции и обичаи поврзани со Коледе, Бадник и Божиќ, организирано беше заедничко претпразнично дружење со лицата од Украина со престој во РС Македонија. Тимот на Црвен крст на град Скопје, заедно со волонтерите од Клуб на млади го доближија празникот Божиќ и обичаите поврзани со празнување на истиот во нашата традиција, а лицата од Украина ги презентираа нивните традиционални песни, обичаи и храна поврзана со празникот, обележје за нивната земја.
Поделена беше и погача со паричка како и коледарски подароци преку кои ги прикажавме нашите верувања и обичаи поврзан со празникот.
Во пресрет на Божиќ, заеднички посакавме мир и спокој со порака дека празниците треба да не потсетат да бидеме хумани и солидарни едни кон други и никој да не е заборавен.
Активностите за поддршка на лицата од Украина се спроведуваат преку Црвен крст на град Скопје, во рамки на поддршката од ИФРЦ и Швајцарски Црвен крст.