Пребарувај по датум:
2020-12-24

Сподели радост

Нашите  пријатели и верни поддржувачи од компанијата Fashion group заедно со клуб на млади при Црвен крст на град Скопје споделија радост во  центарот за церебрална парализа и центарот за интелектуална попреченост Пролет. Со голема љубов и внимание ги изненадија корисниците и им поделија  подароци од нивните брендови. Секако музиката и овојпат беше неизбежна , а за тој дел се погрижија талентираните Симеон Коруноски  и Јана Спирковска кои се воедно и  волонтери во одделот млади. Среќни и задоволни сите заедно чекаат повторна средна со многу забава и повеќе насмевки. Уште една голема благодарност до компанијата Fashion group која  секогаш дава  поддршка онаму каде таа е најпотребна.

Младите на Црвен крст на град Скопје во рамките на проект поддржан од Комерцијална банка имплементираат годишна програма наменета за корисниците од двата дневни центри.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.