2023-03-15
Споделени резултати
На 14 март беше одржана седница на Собранието на Црвен крст на град Скопје на која се усвои наративниот и финансискиот извештај за работа за 2022 година. Во присуство на делегатите се направи презентација за постигнатите резултати и беа споделени неколку видео записи од активностите реализирани минатата година.
Присутните ги поздрави и претседателот на Црвен крст на РСМ, г.Ромел Велев кој искажа пофални зборови за работата на организацијата и даде поддршка за сите планирани активности во 2023 година.
Продолжуваме заедно, оти заедно можеме повеќе!