СОС линија за заштита од топлотни бранови
Целта на овој камп е психосоцијална поддршка на 10 деца со вродени срцеви мани на возраст од 6 – 14 години како и психосоцијална поддршка на родителите чии деца живеат со овој проблем.
Она што претставува особено задоволство е близината која ја остварија волонтерите со децата и што во текот на целиот камп владееше атмосфера исполнета со многу разбирање, почитување и позитивни емоции.
Соработката со децата и родителите продолжува и понатака преку клуб 10 и сите заедно ќе се залагаме за креирање на една посебна програма за работа со оваа целна група.
Од 15 јуни до 15 септември 2013 година во Црвениот крст на град Скопје ќе функционира СОС бесплатна линија за заштита од топлотни бранови.
Ова активност веќе неколку години функионира со поддршка на Министерво за здравство. Обучени волонтери од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје ќе бидат ангажирани за функционирање на линијата.
Граѓаните може да ги добијат одговорите како да се однесуваме при топлото време на 02/ 3 22 19 02 секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот.