2021-04-20
СОС линија на Црвен крст на град Скопје за вакцинација
Почнувајќи во месец април, Црвен крст на град Скопје започнува со нови активности за поддршка на населението за превенција од КОВИД-19. Во таа насока, нова сос-линија за сите граѓани заинтересирани да разговараат со доктор од Црвениот крст во врска со прашања и дилеми поврзани со вакцинацијата. Линијата е отворена секој работен ден од понеделник до петок од 11-15ч. Вашите повици на 071/224-683 се добредојдени заеднички да се информираме правилно. Оваа активност е поддржана од страна на Швајцарскиот Црвен крст.