Пребарувај по датум:
2020-06-30

Соработка со партнери

Во текот на месец јуни 2020 година, реализирана беше хуманитарната акција на Црвениот крст на град Скопје и Pekabesko a.d.Пекабеско-Скопје наменета за помош на ранливи семејства на територијата на град Скопје. Согласно проценката на терен од страна на Црвен крст и дојавата од граѓани кои имаат потреба од помош и поддршка во периодот на пандемија со КОВИД 19, во првата фаза беше реализирана диструбуција на 100 пакети.

Согласно планирањата, како целна група која се опфати со оваа дистрибуција, беа социјално ранливи семејства на територија на град Скопје и тоа: лица без документи за идентификација, семејства во кои има лица со попреченост, приматели на социјална помош од различна категорија, многудетни семејства, стари лица и социјално ранливи лица во самоизолација.

Со оваа активност а во соработка со нашите партнери влијаеме врз намалување на ранливоста на социјално ранливи лица во состојба на пандемија.
Продолжуваме заедно.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.