Соработка со компании
Нашите соработници и пријатели Жито-Пром од Гевгелија, 4U Croissants, ни донираа 4.700 кроасани. Донираните производи преку мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст веќе се дистрибуираат до граѓаните кои ги користаат сервисните услуги на овој тим за време на кризната состојба. Граѓаните се позитивно изненадени и пријатно реагираат на овој гест од компанијата.
Дел од кроасаните се наменети и за бездомните лица кои го користат услугите во Пункот за бездомни лица во Момин поток, за децата на улица, како и за нашите волонтери во мобилните тимови кои ја вршаат дистрибуцијата на терен.
Благодарност до целиот тим на Жито-Пром од Гевгелија за придонесот во хуманитарните активности на Црвен крст. Поддршката која ја примаме директно ја намалува ранливоста на нашите граѓани.