Соработка со Хокаидо Универзитет
Веќе неколку години Црвен крст на град Скопје има соработка со Хокаидо универзитетот од Јапонија.
Секоја година магистрантите од овој универзитет доаѓаат кај нас и добиваат еднодневна обука, реализирана во вид на презентации и споделувања на искуства. Акцентот најмногу се става на лицата бегалци од Косово, кризите од минатото и начини на кои Црвениот крст се справувше со ситуацијата, поддршка од институциите, но и ПХВ програма и како преку неа се мобилизираат младите кои прават проекти за доборбит на заедница. Оваа година освен студентите во посета ни беа и деканот на овој универзитет заедно со двајца професори. Црвениот крст на град Скопје останува отворен за соработка и во иднина со цел подобра пракса преку конкретни активности и практики.