Соработка со Црвен крст Телемарк
Црвен крст на град Скопје од 2017 година е во Твининг програмата со Црвен крст Телемарк од Норвешка. Заради Ковид-19, програмата беше реорганизирана и се одвиваше преку онлајн средби во периодот на пандемија. Во 2021 година се планирани 4 онлајн работилници, од кои две ќе бидат организирани од страна на Црвен крст Телемарк-Норвешка, а две од страна на Црвен крст на град Скопје. На 28 септември се организираше третата работилница на која присуствуваа повеќе од 30 волонтери од двете организации. Темата беше “Катчињата на Црвен крст на град Скопје” преку која беа презентирани Дневниот центар за крводарување, Дневен центар за лица во трето доба, Дневен центар “Пролет”, Центар “Нега”, Центар за Прва помош и Центар за бездомни лица. Целта за работилниците е зајакнување на капацитетите на волонтерите, размена на искуства како и дополнителна мотивација на двете страни.