Пребарувај по датум:
2016-12-06

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-22 август

Црвениот крст на РМ продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи.

До сега се дистрибуирани 30.049 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 2.792конзервирана храна, 28.791 лит. млеко, 15.422 лит. јогурт, 6.204пакети со хигиена, 1.098 бебешки пакети, 295 тони вода, 746 пакети пелени, 568 душеци, 4.400 кебиња, 600 кг облека, 734 парчиња чизми, 341 лит дезинтал, градежни колички 98, лопати 126, 1036 маски… Укажани се  177 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

 

Поради постоење на понатамошен интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, акцијата ќе се продолжи за 7 дена и истата ќе трае заклучно со 29.08.2016 година. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани и понатака можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 32.372.244 денари на сметката на Фондот на солидарност

 

До сега се собрани 13.186.000 денари со повик на телефоните

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

 

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од утре, 23.08.2016 година помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.