2019-12-17
Собирна акција
Во заедничка активност на Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje и Црвен крст на град Скопје во трговскиот центар Ramstore се организираше собирна акција на храна. Кон акцијата се приклучи, со своја донација но и со присуство, и францускиот амбасадор во Република Северна Македонија Н.Е.г-дин Кристијан Тимоние. Со собраните артикли ќе се изготват пакети кои ќе бидат донирани на самохрани мајки и семејства во ризик за време на празниците.