Пребарувај по датум:
2022-10-31

Skill share 2022

Од 26-28 октомври во Истанбул, Турција се одржа состанок- Skill Share 2022 во организација на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина-делегација Будимпешта и Црвена полумесечина од Турција. Состанокот се одржува веќе седма година  и на истиот педесетина предавачи се претставија во областите на Мобилизирање на фондови и Комуникација.

На настанот учествуваа повеќе од 150 учесници и претставници од 45 Национални друштва. Ваквиот тип на состаноци претставува одлична можност за размена на искуства, споделување и прифаќање на алатки кои се користат за промоција на работата на Црвениот крст, добрите практики кои може да се искористат согласно потребата.

Александра Ристовски од Црвен крст на град Скопје беше нашиот претставник и учесник на состанокот, која по враќањето од истиот донесе со себе многу позитивни впечатоци и искуства кои ќе се имплементираат во нашата работа.

#IFRCskillshare22 #redcross  #IFRC  #istanbul

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.