СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА
ЗАПОЧНА НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА
Под мотото СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА, започна Неделата на грижа за стари лица 2017. Во дневниот центар за стари лица во ДХО Даре Џамбаз со почеток од 11ч се оддржа донаторска средба на која пристствуваше Министерката за Труд и Социјална Политика Мила Царовска, Илир Идризи – Директор на Албиз Фондацијата и претставници на Град Скопје. Свое обраќање имаа Министерката за Труд и Социјална Политика и Секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа.Сузана Т.Пауновска кои ги споделија резултатите од осум годишното функционирање на сервисите за стари лица на Црвен крст на град Скопје како и идните планови за развивање на услуги за лица во трето доба на национално ниво. На средбата присуствуаа кориснци на дневните центри за стари лица на ЦКГС, волонтерите на ЦК како и мобилните тимови на медицински сестри кои посетуваат стари лица во домашни услови. Исто така, денеска се организираше инфо пункт и пункт за здравствена превенција на територијата на општина Чаир. Исти и слични активности ќе бидат реалзирани во текот на целата недела, а во рамките на проектот ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.