Пребарувај по датум:
2016-12-22

СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА – ОДБЕЛЕЖАНА УШТЕ ЕДНА НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА

СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА - ОДБЕЛЕЖАНА УШТЕ ЕДНА НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА

Со низа активности и оваа година Црвен крст на град Скопје ја одбележа Неделата на грижа за стари лица во рамките на проектот ,, Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Под мотото: СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА, традицијата продолжи и повеќе од 600 лица во трето доба беа дел од оваа недела. Како и секоја година, сервисот на Црвен крст на град Скопје се доближи до граѓаните преку отворени пунктови за здравствена превенција т.е. проверка на гликемија и крвен пртисок(пунктови: ТЦ Рамстор, Општина Чаир, КИЦ). За 180 корисници од домашни услови волонтерите подарија чаши со мотото на проектот, додека пак активните стари лица беа дел од изложба на дописни картички во рамките на која Црвен крст на град Скопје додели награди за најуспешните. Во новиот дневен центар за стари лица во општина Сарај се реализираше предавање на тема: ,,Психологија на стареење“ а секако во оваа недела тимот на проектот ги посети и штитениците на Геронтолошкиот Завод ,, 13 Ноември“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.