Пребарувај по датум:
2018-11-28

СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА 2018

Црвениот крст на град Скопје традиционално под мотото СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА ја одбележа Неделата на грижа на стари лица од 19-25 ноември. Истата се одбележа во рамките на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ кој е поддржан од страна на Град Скопје, Албиз Фондација и Шпаркасе банка. Во рамките на оваа недела се реализираа следните активности: посета на старски дом Панада, дружба со штитеницете од ЈЗУ Геронтолошки Завод ,,13 Ноември“ и донација во старски дом Мајка Тереза; здравствени прегледи на стари лица во Липковскиот регион; Хуманитарно кино за активни стари лица; едукација за демнеција на медицнски сестри и пунктови за здравствено превентивни прегледи на три јавни локации. Преку сите овие активности се директно се допре до околу 1000 лица кои живеат на територијата на град Скопје. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.