Пребарувај по датум:
2021-11-15

Симулациски вежби

Симулациски вежби

На барање на ОУ “Кирил и Методиј” на 11 и 12 Ноември 2021г, се одржаa симулациски вежби “Евакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на земјотрес и пожар како нус појава”, во селата Стајковци и Страчинци. Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст, кои со 6 члена екипа вршеа спасување и евакуација на повредени лица како и транспорт со амбулантно возило на Црвен крст до Ургентен центар.

Поддршка за реализација на симулационата вежба дадоа Општинска организација на Црвен крст Гази Баба и ДППД Бајрам Мифтари.

Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ “Кирил и Методиј”и увежбување на повеќе начини на евакуација, пружање прва помош, вршење тријажа и др.

Заедно сме посилни!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.