2008-03-14
Штанд на Скопски саем Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности
Заради поврзаноста на програмата со формалното образование, потпишан договор со Биро за развој на образование, во текот на четвртата работна недела во месец април, преку штанд на Скопски саем во денови на образованието и кариера се презентираше програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности
На штандот беа поставени памфлети, брошури како и прирачници, прво и второ издание, кои беа делени бесплатно за сите они кои беа заинтересирани за програмот. Информациите на заинтересираните ги даваа инструкторите од самиот програм.
Заради поголема интеракција, особено со младите, за цело време се играше пикадо, за кое се наплатуваше симболична цена. Парите се наменети за хуманитарни цели