Секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Тунева Пауновска добитник на годинешнава наградата „Мајка Тереза“.
Државната награда „Мајка Тереза“ се доделува за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
“Посебна чест е да се има ова признание. Оваа награда претставува дополнителна определба да продолжиме во реализација на она што сме го зацртале за хуманитарни активности, проекти со цел да им излеземе во пресрет на лицата на кои тоа им е потребно без разлика дали се работи за деца од улица, бездомници, лица со посебни потреби, мигранти и беглаци. Нашата држава и граѓаните навистина во себе ја имаат хуманата димензија и сите ние претставуваме хумано семејство кое знае да подаде рака на сите на кои им е потребна помош. Во моментот се соочуваме со голема криза, но сите ние заедно покажавме и докажавме дека сме една социјално одговорна држава, истакна меѓу другото Сузана Тунева – Пауновска.
Тунева-Пауновска, раководи со Црвениот крст на град Скопје во изминативе 11 години, добитник е на повеќе признанија, дипломи и плакети, како и на 13 Ноемвриската награда на град Скопје.