2022-02-21
Секој сон е важен
Во периодот на месец јануари и февруари, Црвен крст на Република Северна Македонија-Црвен крст на град Скопје и 5-те општински организации на Црвен крст во Скопје, реализираа процени на ранливо население и дистрибуција на душеци, донација од Comodita Home Macedonia. Вкупно 100 донирани душеци се најдоа во домовите на лица во ризик.
За севкупната организација, логистика и комуникација со лицата се ангажираше тим од 20 лица кои неуморно и на непристапни локации дадоа поддршка во унапредување на животот и сонот на нашите сограѓани. Заедно сме посилни.