Пребарувај по датум:
2021-05-17

Секој еден заслужува помош!

Откако започнавме во 2015 година, не престанавме да даваме поддршка на мигрантите и бегалците кои транзитираат низ нашата земја. Преку мобилните тимови на Црвен крст лоцирани на северната и јужната граница, го олеснуваме нивното патешествие со овозможување на директа помош која им е потребна, на лице место. Од почетокот на годината до сега, дистрибуирани се 2 257 пакети со храна, 3 303 топли оброци, поделени се 12 092 шишиња вода и укажани се 2 238 асистенции и интервенции по прва помош. Асистрирани се вкупно 4 822 мигранти во пограничен регион и 656 мигранти и бегалци сместени во Прифатните центри Винојуг и Табановце.

Продолжуваме понатака! Секој еден заслужува помош!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.