Сеќавање на 11 септември
Низ изминативе дванаесет години, преку заедничката иницијатива за оддржување на крводарителска акција со Амбасадата на САД во Скопје а во соработка со Институтот за трасфузиона медицина, станавме препознатливи во заедницата како еден позитивен пример за индивидуална и општествена одговорност.
Почетоците на оваа соработка беа во 2009 година, поврзани со американскиот национален ден за служба и сеќавање на жртвите од 11 септември.
Ова година заради ковид19, крводарителската акцијата се случува во ДХО ” Даре Џамбаз” на која и амбасадорката на САД во Скопје г-ѓа Кејт Брнс и нејзиниот сопруг даруваа крв.
Изјава за медиуми беше дадена од страна на секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Тунева Пауновска и американската амбасадорка во Скопје г-ѓа Кејт Брнс преку која заеднички упатија апел за хуманост, солидарност и меѓусебна поддршка особено во овој период.