Пребарувај по датум:
2012-06-13

СЕ ОТВОРИ ДНЕВЕНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА

Во недела на 10ти јуни, свечено беа отворени двете простории на ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТАР ЛИЦА во ДХО: Даре Џамбаз и ООЦК Чаир, кој ќе функционира во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.

Како резултат на трипартитиниот договор помеѓу Градот Скопје, Министерството за Труд и Социјална Политика и Црвениот крст на град Скопје овој дневен центар за стари лица ќе биде отворен за старите, пред се активни, лица кои ќе имаат можност да бидат корисници на услугите кои ги нуди центарот, како што се: едукации на корисни и интресни теми, одбележување на календарски активности на ЦК, организирање на друштвени игри, одбележување на празници и родендени, организирање на заеднички прошетки, креативни работилници, дискусии на разни теми, музички актинвости и сл.
Во дневниот центар со стари лица ќе работат социјален работник и психолог и со поддршката на волонтерите ќе се направи чекор напред во социјализацијата, успорувањето на менталното стареење и корисноста на старите лица.
Просториите на дневниот центар ќе бидат отворени за посета секој ден од 08:30 до 15:30 часот и во истиот е предвидено околу 30 стари лица да циркулираат на дневна основа.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.