Сава Осигурување за бездомници
Оваа година, во текот на последната недела на месец Март, Сава осигурување и Црвениот крст на град Скопје, заеднички го одбележаа корпоративниот ден на групацијата Сава Ре под мотото „Мислиме на бездомниците“.
По тој повод, Сава осигурување на Црвениот крст на град Скопје му додели донација за Пунктот за бездомници во Момин поток во висина од 150.000 денари за набавка на неопходни лекарства, како и машина за сушење на облека, фен, микробранова печка.
На 30-тина вработените во компанијата им беше одржана сесија за дисеминација со цел полесно да ја разберат хуманата мисија на организацијата и мотивирање за приклучување во хуманите иницијативи.
Вработените учествуваа со донација во облека, обувки и храна за бездомниците и директно ја доставија помошта во пунктот и имаа можност барем на кратко да бидат дел од животот на овие лица.
Црвен крст на град Скопје го изгради и го раководи Пунктот за бездомници кој е еден и единствен во давањето бесплатни услуги на сите бездомни лица од градот.
Еднаш неделно се обезбедуваат хигиенски, фризерски/берберски услуги, помош од социјален работник, општ лекар и психолог, основна медицинска терапија и еден оброк.
Во неговата изградба, со своја помош, учествуваше и Сава осигурување, а оваа донација е само продолжување на поддршката за Пунктот.