САЕМ НА ЕУ ПРОЕКТИ
Саем на проекти реализирани во рамки на повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013
Црвениот крст на РМ/ Црвен крст на град Скопје, беше учесник на саемот на проекти реализирани во рамки на повеќегодишната Програма за развој на човечките ресурси 2007-2013, поддржан од Европската унија, како дел од финалниот настан за презентирање на резултатите остварени во трите приоритети на Програмата- вработување, образование и обуки и социјална инклузија. Истиот беше во организација на Министерството за финансии/ЦФЦД, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука.
Нашата организација, како изложувач, имаше свој штанд на кој беа поставени промотивните материјали од двата ИПА проекти финансирани од ЕУ, а имавме можност на сите заинтересирани кои го посетија штандот, да им ги споделиме резултатите и искуствата од имплементација на истите. На штандот, покрај проектните тимови, присутни беа и кориснички кои се здобија со обука низ проектните процеси, и споделија и лични искуства за позитивните промени кои влијаеле врз нив. Наш претставник учествуваше и на дебатата на тема социјална инклузија.
Црвениот крст на РМ/ Црвен крст на град Скопје во текот на 2016-2017 година, имплементираше два проекти финансирани од ЕУ и тоа „Креирање на можности за нови вработувања на жената“ во партнерство со НВО Хуманост и „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“ во партнерство со Занаетчиската комора на град Скопје. Во рамки на двата проекти беа обучени вкупно 64 долгорочно невработени лица.