Пребарувај по датум:
2012-04-18

Рекорден број на мали проекти

Рекордни 153 мали проекти изработени од младите во рамките на проектот Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности.

Минатата година бројката беше 115, програмата бележи покачување од 38 проекти. Низа активности беа превземени за поттикнување на Општинските организации, дисеминаторите и младинците за реализација на малите проекти на терен во циклус от 2011-2012 година.
По добиената обука за дисеминација и унифицирана обука за изработка на малите проекти и нивното документирање, младите во својата средина прават истражување за изборот на целната група.
Потоа, тимски пристапуваат на проблемот и организирано бараат решение. Подготвуваат стратегија за реализација на планирани активности и пристап кон активирање на заедницата и медиумите.
Од 06-08 мај во Струга се оддржа подготвителна работилница на која беа вреднувани сите 153 мали проекти. ЦКА ПХВ инструктори се вратија во своите средини со голем ентузијазам, воодушевување од работата на младите на терен и нивната конечната реализација.
Проектите се најразлични, опфаќаат различно ранливо население и решаваа различни потреби. Преку еден од проектите семејство ќе добие куќа за живеење, едно семејтво доби социјална заштита, неколку деца беа запишани во градинка, едно лице доби диплома со која се стекнува со право и можност за вработување, овозможени се неколку операции кои на лицата им го менуваат животот, реновирани и опремени се простории каде живееат социјално загрозени лица, организирани се едукативни работилници за младите, кошаркарски натпревари, обезбедување на годишни терапии за хронично болните лица….и многу други нешта.
Младите кои се дел од овој проект се пример со својата проактивност, мотивираност, организираност дека со желба и посветена работа може да се направат промени во нечии животи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.