Регионална средба за ментално здравје и психо-социјална поддршка
Црвен крст на Република Северна Македонија-Црвен крст на град Скопје реализираше регионална средба на тема: ,,Ментално здравје и психо-социјална поддршка-алатки и практики’’ во периодот од 07.10.2022 до 09.10.2022 во Струга во рамки на проектот: Migration Case for Support: ‘’ Humanitarian Assistance and Protection for People on the Move’’.
Средбата беше наменета за размена на искуства во давањето на психо-социјална поддршка и реализација на активности за ментално здравје, подобрување на меѓуграничната соработка на Националните Друштва на Црвениот крст од регионот, како и дискусии за алатките и практиките во давањето на психо-социјална поддршка и активности за ментално здравје наменети за лицата во движење. Работилниците беа фокусирани на потребата од грижа за менталното здравје на волонтерите, вработените, бегалците и на лицата афектирани од кризи.
Сите учесници беа професионалци, волонтери и соработници на Националните Друштва на Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Северна Македонија како и претставник од Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.