Пребарувај по датум:
2023-01-24

Редовно годишно програмско собрание на Црвен крст на град Скопје

Вчера вечер, 23 јануари, во полната сала на хотелот Мериот се одржа редовното годишно собрание на Црвен крст на град Скопје. На истото, беше презентирана програмата за работа за 2023 година како и планираниот буџет за реализација на активностите. Покрај работниот дел имаше и свечен дел во кој беа промовирани неколку спота за волонтерите и беа доделени благодарници за истакнати крводарители, организации и институции во градот Скопје. Покрај стручната служба, волонтерите, членовите  во собранието присуствуваше и осум члена делегација од Црвен крст Телемарк-Норвешка со која Црвен крст на град Скопје ја развива програмата за збратимување.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.