Пребарувај по датум:
2023-04-04

Реализирани психо-едукативни работилници за психо-социјална поддршка и прва психолошка помош

Црвениот крст на град Скопје во текот на месец Март спроведе 14 психо-едукативни работилници за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка со стручната служба и волонтерите од  13 сектори и програми на ООЦК на територија на Град Скопје. Психо-едукативни работилници за ПСП и ППП се реализираа во следните сектори на ЦКГС: прва помош, тим за одговор при катастрофи, дневен центар за стари лица, помагатели на ранливи категории на граѓани, персонални асистенти на лица со попреченост и негуватели на стари и немоќни лица и лица со попреченост, стручна служба на сервисот Итно Копче и Центар за лица со интелектуална попреченост ,,Пролет’’. Обука за ПСП и ППП добија и учениците од основното училиште ,,Тихомир Милошевски”, а опфатени беа и клубови на млади при ООЦК Чаир, ООЦК Центар, ООЦК Кисела Вода, ООЦК Карпош и ООЦК Гази Баба. Работилниците беа спроведени во согласност со прирачникот и насоките за ПСП и ППП на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а фасилитатори на овие работилници беа 33 вработени и волонтери кои претходно поминаа тренинг за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка во кризни ситуации во рамки на проектот Конекс Балкан, поддржан од Австриски Црвен крст и Австриска Агенција за развој.

Со оваа активност на територија на град Скопје беа опфатени вкупно 257 учесници (вработени и волонтери).

Благодарност до вклучените колеги и волонтери во активностите за унапредување на менталното здравје и споделување на знаењата од областа на првата психолошка помош, психо-социјална поддршка, резилиентност и прегорување кај вработени и волонтери, како и стрес и справување.  Активностите ги координираше Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.