Реализирани две обуки за работа со лица со оштетен вид
Во рамките на „Проект на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“ имплементиран од страна на Црвен крст на град Скопје, во просториите на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид реализирани се две обуки за работа со лица со оштетен вид. Обуките ги реализираа специјални едукатори од „Отворете ги прозорците“ на 26.01.2017 и 27.01.2017 за 40 стручни соработници и волонтери при Црвен крст на град Скопје. Целта на обуките беше стручните соработници и волонтерите да се обучат како да постапуваат со слепи лица и лица со оштетен вид и како да им помогнат при секојдневните активности доколку се во директен конктакт со нив. Стручните соработници и волонтерите кои се обучија ќе бидат вклучени во активностите на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид во различни работилници и активности кои ќе ги презентираат за подобрување на вештините и степенот на едукација на лицата со оштетен вид, како и за збогатување на квалитетот на живот, подигнување на јавната свест за потребите и проблемите со кои се соочуваат овие лица во општеството.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“, поддржан УСАИД и ЛЦИФ.