Реализирана работилница за застапување и лобирање
На 03.05.2018 со почеток во 14:00 часот во Центарот за поддршка на лица со оштетен вид реализирана е двочасовна работилница на тема: „Застапување и лобирање“, од страна на стручен соработник при Црвен крст на град Скопје.
23 лица со оштетен вид, корисници и претставници од Градското Здружение на слепи лица имаа можност да присуствуваат на работилницата. На работилницата се презентираше и дискутираше што претставува лобирањето, какви начини и форми на лобирање постојат во нашата држава и во светот, како треба да се лобира за да ги подобриме нашите права и потреби, што тие како активни чинители на општеството можат да сменат и како да придонесат за подобри промени во општеството.
Оваа работилница е четвртата од петте модули предвидени да се реализираат во наредните неколку месеци за личен раст и развој на лицата со оштетен вид и за лобирање за остварување на правата на лицата со оштетен вид.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје се реализира во рамките на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот.