2020-11-24
Реализирана обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје во рамки на акредитираната програма „Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“ успешно реализираше уште една обука за негуватели. Вкупно 16 кандидати за негуватели успешно го положија финалниот испит за што ќе им биде доделен државен сертификат за: Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Обуките беа овозможени со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст и истите беа спроведувани од страна на дефектолог, социјален работник, доктор и медицинска сестра. Во оваа обука беа вклучени и 5 кандидати кои ја слушаа обуката со поддршка на UNDP. За време на обуката беа почитувани сите протоколи за спречување на ширење на Ковид 19.