Пребарувај по датум:
2021-12-14

Реализиран семинар за здраво стареење во заедницата

Во периодот од 10.12.2021 до 12.12.2021 во тренинг центарот ,,Солферино’’ во Струга беше реализиран семинар за здраво стареење наменет за  социјални работници и негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Целта на семинарот беше учесниците да се информираат за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење и притоа се користеа алатки и прирачници подготвени од страна на Меѓународната  Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.  Учесниците имаа прилика да се запознаат подетално со незаразните болести кај старите лица, спроведување на проценка, промени во однесување, придобивки на доживотното учење како и важноста на физичката активност во процесот на стареење. За времетраењето на семинарот се почитуваа мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

Тренингот беше реализиран со поддршка на Швајцарскиот Црвен Крст, кои се долгогодишни поддржувачи на оваа програма.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.