Реализиан семинар за волонтери за здраво стареење во заедницата
Во периодот од 22-24 Март во тренинг ценарот Солферино – Струга беше реализиран семинар за здраво стареење наменет за волонтерите при Црвениот крст. Целта на семинарот беше присутните да се информираат за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење и притоа се користеа алатки и прирачници подготвени од страна на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Темите кои беа обработувани се незаразните болести кај старите лица, социјалната изолација, спроведување на проценка, здрава исхрана, бенефити на доживотното учење, важноста на психосоцијалната поддршка, како и запознавање со физичките вежби применливи за активно и здраво стареење.
На семинарот учествуваа волонтери од клубовите на млади при општинските организации на Црвениот крст на територија на град Скопје, волонтери од тимовите за одговор при катастрофи, спасување на планина како и центарот за безбедност на вода, претставници од дневниот центар за грижа за стари лица при ЦКГС, волонтери од мобилниот тим во Лојане и ЦКРМ ОО Струга.
Поддршка за превод на прирачниците и алатките кои се користеа, како и за целокупната организација на семинарот даде Австрискиот Црвен крст и град Виена.