2019-09-20
Размена на искуства во регионот
Делегација на мобилните тимови при Црвен крст на град Скопје оствари тридневна работна посета на Црвен крст на Црна Гора, каде одблиску можеше да се запознае со системот на работа и хуманитарната асистенција на мигрантите и барателите на азил кои пристигнуваат во Црна Гора.
Во текот на посетата беа посетени повеќе државни установи каде се сместуваат мигранти и лица во движење, како и посета на лица кои оствариле право на азил и се вклучени во процес на интеграција.
Посетата беше поддржана од страна на Италијанскиот Црвен крст како покровител на соработката на мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје и Црвениот крст на Црна Гора кои работат на полето на хуманитарна асистенција и помош на бегалци и мигранти.