„Разбудете се хумани 4“
Во периодот од 20 Oктомври до 20 Ноември во организација на Црвен Крст на град Скопје и Дормео се реализира по четврти пат големата хуманитарна акција „Разбудете се хумани 4“ чија цел е подобрување на животните услови на ранливата категорија на луѓе преку собирање на користени душеци и нивно донирање.
Црвен Крст ги првезема донираните душеци од домовите на донаторите, а Дормео, на сите хумани граѓани, им овозможи попусти за купување на Дормео производи, бесплатна достава и дормео подароци.
Душеците ќе бидат исчистени и потоа донирани во повеќе институции и организации кои се грижат за ранливото население, но и дирекно на ранливи лица како што се бездомниците, старите лица, социјално загрозените лица.
Сите заинтересирани граѓани можат да се јават на телефонскиот број 02/3094-555 или да ја посетат веб страната www.dormeo.com.mk