2026-04-21
Работна окупација
Во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Пролет“, при Црвен крст на град Скопје, започна работна окупација за корисниците, со цел нивно постепено осамостојување и стекнување на основни животни вештини.
Преку едноставни и секојдневни активности, корисниците учат како активно да учествуваат во заедничкото секојдневие. Работната окупација претставува простор за учење преку работа, дружење и воспоставување рутина.
Дополнително, кога станува збор за оваа целна група, упатуваме голема благодарност до LL Gourmet, Гостилница Ла Тана и Pizza Јакомо, кои континуирано, секоја недела, донираат оброк и на тој начин ја покажуваат својата грижа, хуманост и поддршка кон корисниците на центарот.
