Пребарувај по датум:
2008-03-30

РАБОТИЛНИЦАТА СО ДЕЦА СО АУТИЗАМ

На 28.03. 2008( петок), се одржа работилницата со децата со аутизам, на која се изработуваа кошнички за велигденски јајца. На работилницата присуствуваа 8 дечиња, во присуство на нивните родители и 9 младинци од Клубот на млади.

На работилницата, која беше во времетраење од 1 час, дечињата заедно со младинците ги украсуваа и ги боеа кошничките во пресрет на Велигденските празници. Истите би се продавале на Саемската манифестација во април, а средствата ќе се наменат за потребите на дечињата со аутизам.
Во текот на работилницата се изработија околу 20 кошнички.
Во текот на целата работилница преовладуваше детската и младинска креативност, а дечињата со насмевка на лицето соработуваа и се дружеа со нашите младинци.

 

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.