2021-12-13
Работилница за психо-социјална поддршка за помагачи
На 07 декември во рамките на ДЕНОВИ НА ПСИХОЛОГИЈА 2021 (01-12 декември 2021), под мотото „Кај психолог? И за мелем на рана и ветар во грб!“, Црвениот крст на град Скопје реализираше работилница за психо-социјална поддршка на помагачи.
Со оваа работилница ги збогативме знаењата на волонтерите, помагателите, негувателите и личните асистенти во процесот на давање психо-социјална поддршка. Како се дава, кога и зошто е потребна? Кои се основите, кој може да ја дава и на кој начин?
Работилницата ја водеше психолог и социјален работник обучен за психо-социјална поддршка од Црвениот крст на град Скопје, а истата ја проследија 21 учесник, помагачи од сервисите на Црвениот крст на град Скопје и ООЦКРСМ Струмица.