Работилница за обука на вработени лица и волонтери на Црвен крст за процесот на подготовка на проектна апликација
Во просториите на Црвен крст на град Скопје, на 18 февруари, реализирана беше првата работилница за ППП (Процес на Планирање на Проекти) преку опфат на фазите планирање, подготовка на проектна апликација и имплементација на проекти. Работилницата дојде по заедничка иницијатива на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, во насока на зајакнување на капацитетите на 11 вработените лица и волонтерите, што пак води кон уште поуспешни ООЦК подготвени да одговорат на потребите во заедниците во кои дејствуваат.
Тимот за обука од ЦКГС, согласно агендата, ги обучи присутните по веќе постоечкиот унифицираниот формат за подготовка на проектни апликации кој Црвен крст на Република Северна Македонија го има доставено до сите ООЦК, согласно кој се аплицира за нивните повици, фондови и партнерски состаноци. Обуката е додадена вредност за самите ООЦК, можност проектите кои ќе бидат доставени во Централната канцеларија (ЦКРСМ), како и до други донатори да бидат успешно оценети, со крајна цел помош и поддршка онаму каде и потребно и ублажување на потребите на повеќе целни групи.