Работилница за лицата во трето доба во Струга
Во период од 16 до 19 октомври во едукативниот центар ,,Солферино” во Струга корисниците од дневните центри за стари лица учествуваа на работилници од страна на сертифицирани стручни лица на теми за подобрување на менталното здравје, стресот и давање на прва психолошка помош и психо-социјална поддршка.
Корисниците од дневните центри за стари лица во континуитет се вклучени во активности за психо-социјална поддршка преку програмата за активно и здраво стареење. Една од активностите се Чиконг вежбите кои се имплементираат десет години во проектот, вежбите според евалуациите направени до сега се покажаа дека се корисни за здравјето на лицата во трето доба, психо-физичката состојба и грижата за себе.
Оваа активност е поддржана од НЛБ Банка Скопје. Заедно можеме и успеваме повеќе!