Работилница за изработка на витраж во студио „Витрум“
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на крајот на месецот, беше реализирана работилница за изработка на витраж која е специјално адаптирана на потребите на лицата со оштетен вид. На работилницата присуствуваа 4 корисници кои сами изработија уметнички дела, со помош на вработените во студиото и претставниците на Црвен крст на град Скопје. Работилницата беше посетена од страна на делегатот и соработниците од УЈИЕ преку која, корисниците ги искажаа своите размислувања и погледи кон уметноста, конкретно кон оваа техника.
На работилницата активно учество зедоа 4 корисници, 3 стручни соработници од Центарот за поддршка, 4 соработници од УЈИЕ, 1 претставник од ЛЦИФ и 2 претставника од Студиото.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се спроведува во рамките на проектот “УСАИД и ЛИЦИФ за деца со оштетен вид”.