Пребарувај по датум:
2008-06-13

Работилница на Јахорина

На Јахорина, Босна и Хецеговина од 4 до 7 јуни беше одржана пилот финална ЦКА-ПХВ работилница.

На истата беа присутни 25 младинци од 7 ООЦК од Босна и Херцеговина, заедно со нивните одговорни дисеминатори и претставници на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст од Сараево и Скопје. 
Оваа работилница беше шанса за младите луѓе кои со својата активност се истакнаа во текот на првата фаза од пилотот да ги прошират и збогатат своите знаења, искуства како и пријателства меѓу себе. Во текот на работилницата тие заедно со своите дисеминатори работеа на сесии за културата како систем од вредности, комуникацијата и комуникациските техники. Користејки ги техниките за невербално претставување и невербална драма тие направија резимирање на сето она што беше направено во текот на целата пилот фаза: информирањето на младите за започнувањето на овој пилот во нивните ООЦК, имплементирањето на обуката во нивните ООЦК, изработката на малите проекти, оценувањето на проектите, и на крај финалната работилница. Нивната работа на крај резултираше со изработена невербална драма, филм и брошура кои ги раскажуваат активностите и постигнатите резултати во текот на целата пилот фаза. Истите на крајот од работилницата, на 7-ми јуни, беа претставени на Кидс Фестивалот во Зетра каде 100 други млади луѓе имаа можност да се запознаат со нашиот проект.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.