Пребарувај по датум:
2012-01-31

Пунктот за бездомници ќе работи 24 часа

Црвен крст на град Скопје во соработка со Градот Скопје кој го подржува и финансира работењето на пунктот за бездомници, од вчера вечер ги отворија вратите на пунктот кој од сега ќе работи 24 часа заради екстремно ниските температури.

По објавување на оваа инфомација граѓените на градот Скопје се јавуваа на наведените телефони. Имаше десетина повици во текот на вечерта и во текот на ноќта.
Една жена е сместена во пунктот за бездомници уште околу 20:00 часот а еден маж во текот на ноќта. Мобилните тимови ги пронаоѓаа лицата онаму каде граѓаните ги лоцираа и ги пријавуваа. Двете лица беа премрзнати и го прифатија повикот од наша страна.
Добија оброк, топла бања, чисти облеки и кревет за спиење кој во моментот им беше најпотребен. Мобилните тимови се обидоваа да лоцираат две лица но обидите беа неуспешни.
Важно е граѓаните кои се јавиваат убаво да ја опишаат локацијата каде се наоѓа лицето, бездомник како мобилните тимови би можеле да ја пружаат потребната помош. Може да се јавите на следни телефони

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.