Пребарувај по датум:
2014-09-01

Пункт за облека

Примањето на донации во облека и дистрибуцијата на истата до оние на кој им е најпотребна е традиционална активност на Црвениот крст, која на територија на градот Скопје со голем интензитет започна да се унапредува и развива во 2013 година со поставувањето на 7 контејнери за донирање на облека.

Во изминатите месеци откога се поставени контејнерите собрани се повеќе од 20 тони облека кои во континуитет се селектираат од страна на волонтери како и жени од социјално загрозени семејства и потоа се дистрибуираат до крајните корисници (институции, семејства и поединци). Со оглед на големата количина на донирана облека се јави потреба од посистематизирана дистрибуција со која ќе можат да имаат бенефит што поголем број на граѓани. Од таа причина отворен е Пункт за облека кој фукционира веќе три месеци на локација Порта Буњаковец, до Љубов кафе. Целата активност е поддржана од страна на Алфа банка. За корисниците таа е отворена два пати во текот на неделата, вторник и четврток од 10.00 до 14.00 часот. Облека можат да подигнаат само корисници, лица кои имаат добиено ваучер за облека кој го добиле од Црвен крст на град Скопје или пак некоја од ООЦК кои фукционираат на територија на градот Скопје. Системот е направен заради полесно функционира и превенирање на дуплирања за истите корисници 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.