2017-04-05
Првоаприлско дружење
Во рамките на активностите поддржани од Комерцијална банка, волонтерите од Клуб на млади a по повод денот на шегата 1 ви Април, организираа забава во центарот за церебрална парализа-Капиштец.
За оваа пригода се украсуваа лицата на корисниците со најразлични форми , а за одличната забава се погрижија учениците од Средното музичко училиште Илија Николовски – Луј.
Со многу музика и насмевки допринесовме сите кои го посетија центарот да имаат убав и весел ден.
Црвен крст на град Скопје и понатаму ќе реализира различни активности во насока на социјализација и поддршка на овие лица.