ПРВ ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА
Првиот ден од месец март во Дневниот центар беше одбележан со успешен шаховски турнир, на кој се натпреваруваа 22 учесници.
Помеѓу учесниците имаше корисници и кориснички од дневниот центар, волонтери и учесници од сојузот на инвалиди.
Освен, учесниците на турнирот, вработените и волонтерите, присутни беа и многу корисници од дневниот центар, кои активно го следеа натпреварот.
Победници на турнирот се: Бучевски Мирослав (прво место), Смилевски Киро (второ место), Усеин Гани (трето место), а одговорен за регуларноста и правилата на играта беше шаховски судија Славољуб Зафировски .
Во текот на месец март корисниците на Дневниот центар ќе имаат можност повторно во шаховска дружба да практицираат активно стареење, овој пат како учесници во шаховска симултанка со шаховски веле мајстор Драгољуб Јакимовиќ.